Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автобус од Косово се судри со камион полн дрва кај Ќустендил

Автобус од Косово се судри со камион полн дрва кај Ќустендил

Косовски автобус со 32 патници се судрил со камион кај градот Ќустендил во Бугарија. 

Aвтобус на компанијата „Шеро турс“ од Косово, се судрил со камион кај  Ќустендил, кој пак превезувал дрва, при што е повреден еден од двајцата возачи на автобусот, објави бугарскиот портал „Струма“.

Иако некои бугарски медиуми објавија дека во несреќата биле повредени 29 патници од Косово, меѓу кои и шест деца, сепак, според изјавата на вториот возач на автобусот во сообраќајната несреќа нема повредени.

 struma.bg, објави дека околу 4:30 часот автобус со патници од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва. Возачот на камионот се обидувал да им сигнализира на другите учесници во сообраќајот дека на коловозот паднало дрво.

Во ноември лани, 45 луѓе од Македонија загинаа во автобуска несреќа во Бугарија, кога автобусот се запали. 

Слично

Поврзани вести