Автобус излета од патот близу Куршумлија
Во болница во Прокупље утрово се примени 33 повредени патници од автобус кој излетал од патот кај Рудар, меѓу кои има 15 деца.
Никој од повредените не е животно загрозен и воглавно се здобиени со лесни телесни повреди, изјавила портпаролката на болницата др. Марија Деспотовиќ за танјуг.
Таа изјавила дека нема загинати во несреќата, но дека едно лице од болницата во Прокупље е пренесена во Клиничкиот центар во Ниш поради тешки повреди.
Автобисот на меѓународната линија Салцбур-Приштина излетал утрово околу 6 часот и 40 минути од патот во Рудар кај Куршумлија, пренесува танјуг.
Слично
