Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА: Авто-школите не сакаат камери во своите возила

ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА: Авто-школите не сакаат камери во своите возила

Револтирани поради законоската одлука да се снимаат со камера кандидатите за време на обуката за возење, авто-школите денеска излегоа на протест.

Стотина сопственици и вработени во авто-школите ги уклучија сирените и го блокираа булеварот пред Владата.

Претставниците на 120 авто-школи поеднеле и барање до Уставниот суд за укинување на делот од Законот за безбедност на патиштата.

Според најновите законски измени, авто школите се должни за време на обуките на кандидатот за возач да имаат вклучено камера во просторијата за теоретска настава, како и во возилото за обука и тоа на 30 сантиметри оддалеченост од инструкторот и кандидатот за возач. Истите снимки тие треба да ги чуваат во рок од еден месец.

Доколку ова не се почитува, ним им следуваат казни и до 8 200 евра.

Од авто-школите велат дека нема професија која може да работи под таков притисок, а освен тоа потенцираат дека ваквите одлуки се косат со уставното право на приватност на кандидатот и создаваат компликации при набавување на техничката опрема и документирање на материјалот.

Од Националното здружение на авто школи најавија дека ќе продолжат да го блокираат булеварот пред Владата секој ден во 12:00 часот, се` додека не бидат исполнети нивните барања.

Слично

Поврзани вести