Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АВТ Консалтинг“ стана трет по големина акционер во Фершпед

„АВТ Консалтинг“ стана трет по големина акционер во Фершпед
Штипскиот бизнисмен Мите Николов, сопственик на „Брилијант“ најголемиот производител на масло за јадење во земјава, стана трет по големина сопственик на акции во „Фершпед“. Со последната трансакција на 26 јануари, потврдено со објава на Македонската берза за хартии од вредност, фирмата „АВТ Консалтинг“ – фирма ќерка на „Брилијант“ докупи 396 акции со право на глас во „Фершпед“. Со тоа Николов преку „АВТ Консалтинг“ сега псоедува 9,41 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. Сега Николов е трет по големина акционер во „Фершпед. Од вториот најголем акционер Сашо Наков поседува 1,5 отсто помалку акции, а од најголемиот акционер Драган Наков поседува 1,9 отсто помалку акции.
Слично

Поврзани вести