Австрискиот министер за финансии: Еврогрупата треба да ги прифати предлозите на Грција
Министрите за финансии од еврозоната треба да се согласат со последните предлози на Атина и да договорат конкретни рокови за спроведување на реформите, изјави денеска министерот за финансии на Австрија Ханс Шелинг.
Изминатата во понеделник средба на еврогрупата (19 финансиски министри од еврозоната) заврши без резултат. Атина направи на Брисел нови предлози за регулирање на должничката криза. Членовите на Еврогрупата сепак одлучија да ја одложат расправата за четврток со цел да ги проучуваат предлозите.
"Ако не биде најдено некакво реално решение кон кра јот на оваа недела, тогаш следниот чекор е непредвидлив - изјави министерот за агенцијата Ројтерс.
Во четвртокот Еврогрупата треба да донесе одлука за новите предлози на Атина за постигнување на договор со доверителите. Во понеделник лидерите на земјите од еврозоната прифатиле дека грчките предлози можат да станат основа за договор, но треба да се разгледа потребата од доработката.
Денес, среда, грчкиот премиер Алексис Ципрас треба да разговара со претставниците на кредиторите - Еврокомисијата, ЕЦБ и ММФ.
Последниот рок за Грција за опфат на договор со доверителите е 30 јуни. Истиот ден Грција треба да го плати на ММФ долгот околу 1,6 милијарди евра.
