Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австриската армија ќе го проверува багажот на секој мигрант

Австриската армија ќе го проверува багажот на секој мигрант

Австриската армија ќе го проверува идентитетот и багажот на секој мигрант кој доаѓа во земјата преку границата со Словенија.

Околу 500 нови војници ќе и помагаат на полицијата при регистрирањето на 6000 мигранти дневно на граничниот премин Шпилфелд, изјави портпаролот на органите на редот Фриц Грундинг, цитиран од АФП.

При пораст на бројот на оние кои влегуваат (бегалците) силите за безбедност можат спокојно да се справат со 11 000 лица, како што беше приближно просечен број на оние кои влегуваа дневно во Австрија во 2015 година.

"Досега можевте да остварувате само произволни проверки на место, но новите мерки ќе им овозможат контрола врз секој мигрант", додаде Грундинг.

Првично војниците ќе проверуваат само "неколку стотици мигранти", додека на другите ќе им овозможи да влезат од Словенија во Австрија во друг премин - овој во провинцијата Каринтија.

Целокупната идеја сепак е Шпилфелд да стане единствената точка за влез на мигранти, рече Грундинг.

Новите мерки доаѓаат само неколку дена пред Австрија да ја заврши изградбата на 3,7 километарската жица при Шпилфелд. Ова ќе е првата таква во Шенген зоната.

Виена исто така има намера да го следи примерот на Германија и да престане со прифаќањето на мигрантите кои бараат понатамошен азил во скандинавските земји. Берлин ја наметна мерката, откако на почетокот на месецот Шведска и Данска ги обновија проверките на своите граници.

"Ако Германија ги враќа мигрантите кои сакаат да стигнат до Шведска, ние ќе го правиме истото", изјави австрискиот канцелар Вернер Фејман во неделата.

Земјата е една од клучните транзитни точки на патот на мигрантите од Балканот кон Западна и Северна Европа. Освен тоа Австрија одобрила 90 000 молби за азил во 2015 година.

Владата на земјата, составена од коалицијата меѓу социјалдемократите на Фајман и конзервативците од Австриската народна партија, ќе разговара дополнително за ситуацијата со миграцискиот бран на посебна дискусија утре.

Слично

Поврзани вести