АВСТРИСКА ПОДДРШКА И НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ОДНОСИТЕ: Реплек прославува 20 години од постоењето
Реплек како компанија која има и австриски капитал е одличен пример за успешна странска инвестиција, беше речено на денешната прес конференција по повод 20 години од постоењето на оваа фармацевтска компанија. Во посета на Реплек по повод годишнината беше и австрискиот амбасадор Георг Вуцас кој ги посети производните капацитети. Вуцас и Душан Пецовски, новиот генерален директор на компанијата најавија нови можности за соработка меѓу двете земји. Во сите 20 години Реплек произведува генерички лекови и извезува во повеќе од 25 земји ширум светот.
Амбасадорот Вуцас рече дека Австрија е еден од најголемите поддржувачи на македонската економија, а австриските инвеститори се едни од оние кои остануваат во Македонија и даваат додадена вредност на компаниите, а Реплек е одличен пример за тоа.
„Ќе ги повторам пораките и на австриските власти а тоа дека на политички план Австрија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија за влез во ЕУ и се надева дека Северна Македонија што поскоро ќе биде дел од Европската Унија. Треба секако да се зголеми и унапредување на соработката меѓу двете земји, за која што јас лично ќе се вложам, како што е примерот во Реплек, изјави Вуцас.
Новото раководство на Реплек се залага за унапредување на соработката меѓу австриското и македонското стопанство и индустрија. За ваквата соработка постои голем интерес од двете страни, а веќе се започнати и преговори.
„Планираме капитални инвестиции во нашите капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и know-how, пласман на нашите производи во Австрија како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар. За оваа соработка да биде уште посилна и постабилна, секако е потребна и добредојдена поддршката на австриската амбасада како и стопанските комори на двете земји.
Продолжуваме да растеме, се модернизираме и посветено работиме на остварување на нашата цел, изјави Пецовски.
