Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријците ја градат најголемата фабрика во Илинден

Австријците ја градат најголемата фабрика во Илинден

Австријската текстилна компанија „Текспорт“ го постави камен темелникот за својата нова фабрика во еконмската зона Марино Кадино во општина Илинден.

Компанијата  „Текспорт“ се занимава со производство на протипожарен текстил и заштитна облека, а во Илинден ќе се изгради фабрика со површина од 5000 квадратни метри, која ќе вработи 450 до 500 работници.

Вкупната инвестиција на австриската компанија изнесува повеќе од четири милиони евра.

Покрај бројните граѓани и полотичко раководство на општината, на поставувањето на камен темелникот присуствувал и сопственикот на компанијата Отмар Шнајдер, кој истакнал дека инвестицијата во таа фабрика е најголема која компанијата досега ја имала.

Слично

Поврзани вести