Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријците се жалат дека Балканците им „увезоа“ илјадници случаи на корона

Австријците се жалат дека Балканците им „увезоа“ илјадници случаи на корона

Meдиумите во Австрија пишуваат дека од земјите од Балканот доаѓаат луѓе кои се ковид позитивни. 

Наведуваат дека од Балканот им стигнале илјадници случаи на корона.  Официјалните податоци покажуваат дека најмногу случаи на заразени се „увезени“ од Босна, односно 1.611 во првата недела од јануари и 822 во втората. Потоа следи Србија со 959 во првата недела и 540 во втората. На трето место е Унгарија со 748, односно 121 случај.

Зад нив се повратниците од Турција (147 во првата недела, 403 заразени во втората), Романија (161 и 295) и Хрватска, од кои во првата недела се регистрирани 180 нови инфекции, но во втората недела од јануари имало 579 случаи.

Во сите балкански земји епидемиолошката состојба е лоша. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести