Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aвстријци се жалеа поради високите цени на Јадранот, Хрватите им одговорија

Aвстријци се жалеа поради високите цени на Јадранот, Хрватите им одговорија

Фотографија од сметка од ресторан во Ровињ неодамна предизвика жестоки дискусии на социјалните мрежи.

„Шокантно високите цени за обичните пијалаци и едноставните јадења ги оставија многу интернет корисници без зборови, особено оние кои сè уште се сеќаваат на овој истарски град како релативно прифатлива дестинација за одмор“, објавува австрискиот портал Космо.

Авторот на виралната објава на Reddit, кој е Хрват, изрази изненадување од зголемувањето на цената.

„Сестра ми ми ја испрати оваа сметка од одмор во Ровињ. Тие цени не се плаќаат дури ни во срцето на Виена, во самиот центар на градот, веднаш до црквата Стефансдом.“

Тој, исто така, се присети на времето кога бесплатниот паркинг и лесниот пристап до плажите во Ровињ беа норма, додека денес речиси насекаде се наплаќа паркинг од едно до шест евра на час.

Приложената сметка навистина открива изненадувачки износи – половина литар Кока-Кола Зеро чини 5,50 евра, шише од 0,3 литри обична Кока-Кола чини четири евра, а ладен чај чини пет евра. Кога станува збор за храна, зголемувањето на цените продолжува: половина пица со шунка или салама чини 7,50 евра, додека цела чини 15 евра. Порција ќебапчиња чини 16 евра, а лазањи со пилешко и зеленчук чинат 14 евра. Вкупно, туристите платиле 80 евра за оброкот.

Објавата предизвика лавина од коментари кај хрватските корисници. Мислењата се поделени – додека многумина ги опишуваат цените како „груби“ или „ужасни“, други ги сметаат за „нормални“

Сепак, некои отворено признаа дека поради таквата политика на цени, сега ги избегнуваат познатите дестинации на хрватскиот брег.

Слично

Поврзани вести