Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија воведе дневни квоти за бегалците

Австрија воведе дневни квоти за бегалците

Од денеска стапуваат во сила дневните квоти за прием на мигранти на територијата на Австрија, пренесе Франс прес.

Засега мерката е донекаде условна, бидејќи поради лошото време приливот на бегалци не е голем.

Од  утринава Австрија не прифаќа повеќе од 80 азиланти дневно и до 3200 мигранти, транзитираат низ нејзината територија.

Сите тие ќе треба да поминат низ граничниот премин Шпилфелд на границата со Словенија, каде се концентрирани значителни сили.

Поради лошото време од вчера до утрово не пристигнал ниту еден мигрант, соопшти портпаролот на локалната полиција.

Австриската влада го оправдува воведувањето на квоти со неуспехот на ЕУ да го ограничи протокот на мигранти и да го прифати постојаниот механизам за раселените предложен од Германија.

Еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос остро го критикуваше австриското решение кое според него е некомпатибилно со европските закони. Виена ја отфрли оваа позиција и ја исклучи можноста да ја поништи одлуката.

Австрија смета дека нема да може да ги прифати повеќе од 37 500 бегалци оваа година.

Минатата година беа поднесени 90 илјади молби, кои се изедначуваат со 1 процент од населението на земјата со 8,5 милиони жители.

Слично

Поврзани вести