Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија одбива да испрати помош на границите со Бугарија и Србија. Што е причината?

Австрија одбива да испрати помош на границите со Бугарија и Србија. Што е причината?

Австрија нема да испрати воен персонал во Бугарија и Србија за заштита на границите од мигранти. Ова го изјави австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил пред Австриската новинска агенција, цитиран од весникот Ди Пресе.

Според него, помош нема да бидат обезбедени, бидејќи во моментов тоа не е можно поради постоечката правна ситуација.

Белград нема потреба од луѓе по границата, а во исто време српското законодавство и не предвидува таква можност. Земјата сепак има потреба од финансиска и техничка помош и веќе упатила барање за асистенција во овие области, прокоментира министерот.

Во однос на австрискиот воен персонал од 75 лица во Унгарија, министерот рече дека ова е хуманитарна операција, бидејќи Виена нема право да дејствува оперативно таму.

- Во моментов нема планови за понатамошни операции на вооружените сили, изјави австрискиот министер за одбрана Доскоцил.

Што се однесува до Бугарија министерот посочи дека билатералните односи на земјите се уште не се во таква фаза за ваквите барања да бидат исполнети.

- Ова е прв чекор, се разбира Бугарија има конкретни идеи како да биде поддржана, ние сепак не сме толку напредни на билатерален план, не можеме да ги исполниме овие идеи, рече министерот.


Слично

Поврзани вести