Австрија ќе ја намали цената на струјата за многудетните семејства и сиромашните
Австриската влада ја ограничува цената на струјата за домаќинствата. Зимава мерката ќе стапи на сила. Ќе има дополнително намалување на цената на струјата за многудетните семејства и сиромашните.
Австриските домаќинства ќе ја плаќаат целата или поголемиот дел од потрошувачката на електрична енергија по фиксна стапка што ја одредува државата. Коалицијата, составена од централно-десничарската Народна партија и Зелените, се согласи за ограничување на цената на струјата. Се очекува оваа мерка да чини четири милијарди евра, а просечното домаќинство да плаќа околу 500 евра помалку за струја годишно. Мерката, која сè уште треба да биде потврдена од парламентот, треба да биде во сила од декември до средината на 2024 година.
foto freepik.com/evening_tao
