Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија ќе работи за зајакнување на европската перспектива на Македонија

Австрија ќе работи за зајакнување на европската перспектива на Македонија

Австрија ќе стори сé за да се зајакне европската перспектива на Македонија и ќе го поддржи секој процес кој ќе ја задржи на нејзиниот европски пат. Ова го изјавил генералниот секретар на австриското Министерство за надворешни работи Мајкл Линхард на прес-конференција по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Централно европската иницијатива.

„Секогаш ги поддржуване брзото започнување на преговорите за членство, секогаш ги поддржуваме заклучоците на Европскиот совет за донесување одлуки за почеток на преговори. Македонија мора да оди по својот пат кон ЕУ. Имаме потреба од неа како силен играч на Балканот и во Европа и ќе продолжиме по овој пат “, изјавил Линхард.

Тој додал уште дека е потребно политичката криза во земјата да биде решена што е можно поскоро. Денес беше јасно дека помеѓу 7 и 10 дена е рокот кој неофицијално го даваат невладините организации и опозициски партии за оставката на премиерот Никола Груевски и постигнување договор за преодната влада. Ако тоа не се случи во поставеното време, движењето „Граѓани за Македонија“ предупреди дека ќе прибегне кон радикални мерки, блокада на институциите и граѓанска непослушност.

Во саботата од партијата на Груевски рекоа дека тој ќе си замине, кога народот ќе одлучи за тоа на избори. „Груевски ќе замине од власта, кога народот ќе одлучи на избори и направи таква проценка, а не кога амнестираниот криминалец Заев ќе го побара тоа. Амнестираниот криминалец Заев нема да дочека да гледа таков филм“, се вели во соопштението од партијата на Груевски.

Слично

Поврзани вести