Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија ќе продолжи да ги брани своите граници со балканските држави

Австрија ќе продолжи да ги брани своите граници со балканските држави

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјави дека нелегалната миграција кон земјите од ЕУ нема да заврши додека надворешните граници на Унијата не бидат сигурно заштитени, пренесе руската редакција на Deutsche Welle.

Владата на Австрија нема намера да го укинува пограничната контрола на границата со балканските држави низ кои поминува таканаречениот „Балкански пат“.

„Мигрантите не треба да имаат можност да влегуваат во ЕУ држави како Грција и во земји кои не влегуваат во ЕУ, како Македонија“, изјави Курц. Според него нелегалната миграција нема да заврши додека надворешните граници на ЕУ не бидат заштитени.

„Балканскиот пат треба да биде затворен“, истакна Курц. „Сега има  промена. Границите на „замокот“, како и цените на шверцерите, суштински се кренаа. Илегалната миграција ја губи својата привлечност“, смета министерот за надворешни работи.

Слично

Поврзани вести