Австрија: Капацитетот за складирање на гас достигна 80 отсто
Складиштето
за гас во Австрија во моментов е 80,37 отсто исполнето, со што е постигната претходно поставената цел, еден
месец порано од предвиденото, соопшти денеска Министерството за енергетика.
Бидејќи Русија продолжува да испорачува гас, складирањето продолжува, така што целта е стратешкиот резерват да достигне ниво од 20 терават часови гас до 1 ноември.
Австрија има, во однос на нејзината економија, многу големи складишта за гас, и ако се речиси полни, тие ги покриваат годишните потреби за гас.
Стратешките резерви на гас изнесуваат седум терават часови, но поради ситуацијата треба да се зголеми резервите на 20 терават часови.
Магацините на ОМВ се полни 97 отсто.
„Ние презедовме сè за да ги наполниме нашите големи магацини и да обезбедиме сигурност во снабдувањето. Денеска можеме да кажеме дека сме добро подготвени. Нашите магацини се полни 80 проценти и ние се‘ уште ги полниме“, рече австрискиот канцелар Карл Нехамер во изјавата.
Тој подвлече дека Австрија нема да дозволи Русија да ја уценува и нагласи дека се намалува зависноста за да се врати независноста.
Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер истакна дека Австрија мора да ја намали зависноста од рускиот гас.
„Иако Австрија има добро снабдени магацини за зимата, ситуацијата останува критична бидејќи Русија не е доверлив партнер“, подвлече таа.
Фото: unsplash
