Австрија ја поддржува идејата за банкарска унија на еврозоната
Австрија ја поддржува планираната банкарска унија на еврозоната, истакна министерката за финансии Марија Фектер и шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер, во разговор со европскиот комесар Мишел Барније. Фектер рече дека Австрија во текот на преговорите посебно ќе се залага за фер модели на гласање за тие држави кои се уште не го вовеле еврото, но и покрај тоа сакаат да учествуваат во моделите на заедничката контрола.
Слично
