Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија и балканските земји побараа ограничување на протокот на мигранти

Австрија и балканските земји побараа ограничување на протокот на мигранти

И покрај протестите на ОН и Грција Австрија продолжува со напорите да го запре приливот на мигранти по балканскиот правец. На состанокот во Виена со учество на земјите од Западен Балкан и Бугарија, Австрија, изјави дека во отсуство на прифатени мерки за справување со бегалската кризаод сите 28 земји членки на ЕУ , потребно е да се преземат активности на национално ниво, пренесе "Ројтерс" .

Виена и земјите на балканскиот пат на мигрантите кои стигнуваат до нејзина територија, изјавија дека миграцискиот тек треба да се ограничи од безбедносни причини, како и поради предизвиците пред интеграцијата на овие луѓе и недостаток на ресурси.

Во заедничката декларација четири земји-членки на ЕУ - Австрија, Бугарија, Словенија и Хрватска - како и Албанија, Босна, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, исто така, рекоа дека правото на азил не вклучува избор на "претпочитана земја".

Во документот усвоен на состанокот на 10-те земји во Виена, се апелира за општи норми при критериумите за прием и регистрација за луѓето со реални шанси да добијат азил. Земјите кои учествувале на средбата, ќе соработуваат и ќе враќаат мигранти ", кои не бараат меѓународна заштита", пишува во документот, иако последниот термин не е разјаснет.

Сите земји од ЕУ, кои се дел од Шенген зоната за слободно движење, се повикани да одбијат влез на луѓе "кои не ги покриваат условите за прием", како и на луѓето кои ги покриваат овие услови, но не ја користат оваа можност за апликација за азил.

По Австрија, која во петокот воведе дневни квоти за прием на мигранти на својата територија, главните транзитни земји драстичноги засилија условите за преминување, создавајќи метеж во Грција, каде се блокирани 12 000 мигранти, забележува Франс прес. Грчкиот министер за миграција ја опиша ситуацијата на границата со Македонија како "мала хуманитарна криза".

Активностите на Виена, која е последна станица на стотици илјади мигранти по нивниот пат кон Германија, предизвика "домино ефект" меѓу земјите од балканскиот правец, коментира "Ројтерс". Македонија в недела одлучи дека ќе пропушта низ територија само мигранти од Ирак и Сирија.

Десетте земји на средбата во Виена изјавија дека "протокот на мигрантите преку Балканот треба да биде суштинско ограничен" и покрај резервите на Европската комисија за избраниот метод.

"Треба да го намалиме миграциски тек сега. Тоа е прашање на опстанок за ЕУ. Сакаме да направиме притисок на ЕУ за прифаќање на заедничко решение", изјави австриската внатрешна министерка Јохана Микл-Лаитнер.

Австрија го има предвид главно соседот Германија, со која досега делуваше во тандем, но веќе бара од Берлин да прогласи врв на бројот бегалци. Австрија изјавила дека оваа година ќе прифати само 37 500 бегалци и истакнува дека во 2015 година донела 90 000, наведува АФП.

Грција, која не беше поканета на средбата во Виена, испрати протестна нота до австрискиот амбасадор. Атина стравува дека се договараат уште мерки за запирање на движењето на мигрантите, што значи дека тие ќе останат на нејзина територија.

На Австриската амбасада и беше врачен дипломатски протест, а со невообичаено остар тон министерот за надворешни работи Никос Коцијас го нарече пропуштањето да не бидат поканети Грците "едностран и непријателски чин". Овен тоа поканите од Австријците биле пратени неколку часови, откако Европскиот совет во Брисел експлицитно донесе во крајот на минатата недела одлука да не се преземаат унилатерални одлуки или активности само на групи држави.

Слично

Поврзани вести