Австрија ги зголемува инвестициите во Југоисточна Европа
И покрај економскат криза, Австрија планира да ги зголем инвестициите и да ја засили прекуграничната соработка со земјите од регионот на Југоисточна Европа, соопшти денеска винескиот заменик-градоначалник Ренате Браунер во обраќање на Бизнис форум во Белград.
„Определени сме за проактивен курс и планираме инвестиции и покрај тешките глобални услови и економската и финансиска криза. Во рамките на таа стратегија насочени сме на прекуграничната соработка во регионот на Југоисточна и Средна Европа“, нагласи Браунер.
На белградскиот Бизнис форум, кој го организираа стопанските комори на Белград и Виена, Градот Виена и Австриската амбасада во Србија, учествуваа голем број бизнисмени од Србија и Австрија, како и претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и на Меѓународната финансиска корпорација
Слично
