Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВСТРИЈА ГАСОТ ГО ПЛАЌА ВО ЕВРА, НЕ ВО РУБЉИ: Канцеларот Неамер ги демантираше гласините

АВСТРИЈА ГАСОТ ГО ПЛАЌА ВО ЕВРА, НЕ ВО РУБЉИ: Канцеларот Неамер ги демантираше гласините

Австрискиот канцелар Карл Неамер ја демантираше веста од руски извори дека Австрија одлучила да го плати рускиот гас во рубљи.

Веста дека Австрија решила во иднина да го плаќа рускиот гас во рубли, објавена од руската агенција ТАС С, канцеларот ја окарактеризира како „лажни вести на руската пропаганда“.

„Ние (австриската нафтена компанија) „OMV“ ги прифативме условите за плаќање, а тоа го направија и во Германија. Ова е важно за нас, а лично Путин во текот на нашиот разговор ме увери дека ќе продолжи испораката на гас, кој може да се плати во евра. Нашата ситуација не е променета“, посочи австрискиот канцелар.

„Пред овде да продолжат да се шират лажните вести за руската пропаганда. Се разбира, ОМВ ќе продолжи да плаќа за испорака на гас од Русија во евра. Австрија се држи до точката на заеднички договорените санкции на ЕУ“, напиша тој на Твитер.



Слично

Поврзани вести