Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВСТРИЈА ДОБИВА НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА НОЌНИ ВОЗОВИ: Луксузни и брзи, ќе се движат со 230 километри на час

АВСТРИЈА ДОБИВА НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА НОЌНИ ВОЗОВИ: Луксузни и брзи, ќе се движат со 230 километри на час

Австриската државна железничка компанија ОеББ вчера ја претстави најновата генерација ноќни возови во Европа во време кога овој побавен, но многу помалку загадувачки начин на транспорт од авионите почнува да се враќа во мода.

„Во споредба со старите ноќни возови, кои беа малку мрачни, ова е голем луксуз. Тоа е супер“, изјави 69-годишната пензионерка Розмари за AFP.

Австриски министер: Секој километар со воз е километар за заштита на климата

Новите ноќни возови беа претставени во Виена по повод 100-годишнината од австриската компанија. „Секој километар со воз е километар за да се заштити климата и да се придонесе за подобра иднина“, изјави австриската министерка за животна средина Леоноре Гевеслер за АФП.

Патниците во возовите што треба да бидат пуштени во сообраќај на 10 декември на линијата Виена-Хамбург и Инсбрук-Хамбург ќе имаат поголема удобност, вклучително и тушеви.

Вакви возови ќе се воведат и во другите европски земји

Овие возови кои можат да возат до 230 km/h, постепено ќе се воведуваат во Австрија, Германија, Швајцарија, Италија и Холандија. Во Франција допрва треба да даде зелено светло Националната железничка управа.

Австриската компанија има намера да го удвои бројот на патници во ноќните возови до 2030 година, а многу други европски компании учествуваат во заживувањето на ноќните возови кои речиси исчезнаа во 2010-тите.

Но, оваа желба е соочена со цената на потребниот материјал за замена на вагоните кои често се стари со децении, бројните ноќни работи на шините кои го нарушуваат ноќниот сообраќај и ниската профитабилност на овој вид транспортни средства.

ФОТО: Twitter

Слично

Поврзани вести