АВСТРИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Минимална плата 1500 евра, а еве кои се работните позиции
Австриската агенција за вработување, соопшти дека од почетокот на месецот имаа голем дефицит на работна сила.
Во моментов Австрија бара 29 000 келнери, готвачи и помошници, на кои им ветуваат минимална месечна плата од 1 500 евра.
За да аплицирате на некое работно место пред вас има неколку чекори.
Прво, треба да најдете соодветен работодавец. Денес, тоа можете да го направите на интернет, каде има голем број на сајтови за аплицирање за работа во Австрија. Тука е важно да се фокусирате на професии кои се дефицитарни во државата, затоа што така поголема е веројатноста да најдете работа.
Според најновите податоци, занимања на кои треба да се фокусирате најмногу се во угостителството, како келнери, готвачи, помагачи во кујна, чистачи и сл.
Од мај говинава, минималната бруто плата во туристичката и угостителската индустрија изнесуваше 1 500 евра.
За работа не ви е потребна виза, но за да ве ангажираат ви треба дозвола за работа.
Се работи за таканаречената црвена-бела-црвена карта или Рот -Вајс – Рот, која кандидатот ја поднесува во амбасадата, откако ќе најде работодавец.
Познавање на германскиот јазик не е потребено за оваа дозвола , но е голем плус. Оваа карта ви овозможува работа и престој во државата во рок од 12 месеци. Откако ќе ја добиете дозволата и веќе сте нашле работодавец, може да почнете да се пакувате.
