Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВСТРАЛИЈА: Мајката убиец на децата?

АВСТРАЛИЈА: Мајката убиец на децата?

Поради убиството на осум деца во градот на северот од Австралија уапсена е една жена. Се работи за мајката на седумте настрадани дечиња.

Инспекторот Бруно Асникар рекол дека е уапсена 37-годишна жена која е под стража во болницата во градот Кернс. Таа е мајка на седумте убиени деца и роднина на осмото дете.

Осум деца на возраст од 18 месеци до 15 години беа најдени утрово мртви во куќата во тој град, а со нив била и нивната мајка која имала исто така убодни рани.

Полицијата не соопштила како умреле децата, а Асникар рекол дека полицијата испитува неколку ножеви во куќата со кои е можно да е извршено убиството.

Асникар додал дека осомничената разговарала со полицијата и дека е свесна, не откриваат повеќе детали.

(ФОТО): Нов хорор ја потресе Австралија

Слично

Поврзани вести