Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австралија го ограничува „вејпањето“

Австралија го ограничува „вејпањето“

Miнистерot за здравство na Avstralija, Марк Батлер, објави дека се воведуваат забрани и ограничувања околу рекреативното „вејпинг“-пушење. Тој рече дека пушењето во Австралија станало „рекреација“ за тинејџери и млади луѓе кај кои сега има три пати поголема веројатност да пропушат. Покрај рестрикциите, ќе се зголеми дополнително даночната прогресија за тутунските производи.

- Нема повеќе вкусови на гума за џвакање, нема повеќе „розови еднорози“ или е-цигари во шарени кутивчиња за деца што може да се скријат во кутија за моливи. Наместо тоа, ќе имаме обични пакувања со едноставни вкусови. Пушењето е-цигари е „најголемата дупка“ во австралиската историја и Австралија нема да дозволи придобивките што ги постигна во намалувањето на употребата на тутун да се поништат со нова закана по здравјето, рече Батлер.

Според новите правила, електронските уреди за пушење ќе се продаваат само во аптеките и ќе биде забранет увоз на оние уреди коишто не се нарачани од аптеките. Ќе бидат забранети сите електронски цигари за еднократна употреба и ќе се воведат ограничувања на пакувањето, вкусовите, боите и достапноста, како што нагласи министерот во обраќањето пред Националниот клуб на новинари на Австралија.

- Електронските цигари, властите и заедниците во дел од светот ги продаваат како терапевтски производ за помош на долгогодишните пушачи да се откажат од цигарите. Нема да стоиме на страна и да дозволиме пушењето е-цигари да создаде уште една генерација зависници од никотин, додаде тој.


Слично

Поврзани вести