АВРМ: Објавен оглас за обуки за туристички водичи и за обезбедување
Невработените, активни баратели на работа, од 15 јануари ќе имаат можност да се пријават за следење обука за туристички водичи и обезбедувачи, соопштија денеска од Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Според најавата се предвидува 15 лица да добијат лиценца за туристички водич или придружник и од областа на обезбедувањето, каде може да апицираат активни баратели на работа со статус на деца без родители до навршување на 18 години и со приматели на социјална парична помош за што се предвидени 20 лиценци.
„Со овие мерки дополнително ќе популаризираме две групи невработени, кои мислам дека во овој момент малку се оставени настрана. Ќе им помогнеме да добијат соодветна обука по која веднаш ќе може да добијат вработување“, информира денеска на прес-конференција директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
Заинтересираните граѓани што ги исполнуваат условите може да аплицираат во центрите за вработување во Република Македонија.
Слично
