Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВМУ:Не е доставен никаков приговор од СДСМ

АВМУ:Не е доставен никаков приговор од СДСМ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро ги демантира наводите изнесени во  соопштението за јавност на СДСМ, во кое се наведува дека СДСМ очекува АВМУ да ја санкционира телевизијата ТВ Сител.

Станува збор за емитување на прилог со наслов „Дали во позадина на сценаристот за дестабилизација е план за федерализација на Македонија“, и дека за овој прилог СДСМ доставиле соодветен приговор до АВМУ.

„Во насока на правилно информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ја известува јавноста дека вчера до 20.30 часот на контакт меилот на Агенцијата contact@avmu.mk, не е доставен никаков приговор од страна на СДСМ“ - велат од АВМУ.

Воедно, и укажуваме на СДСМ дека називот на Агенцијата, е Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а не Агенцијата за аудио и аудио визуелни уметности, додаваат од ова институција.

Слично

Поврзани вести