Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авионскиот сообраќај руши рекорди - нискотарифните авиокомпании превезле над милијарда патници

Авионскиот сообраќај руши рекорди - нискотарифните авиокомпании превезле над милијарда патници

Лани  3,7 милијарди луѓе патувале со авиони ширум светот, што е за 6% повеќе отколку претходната година.

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) соопшти дека патничкиот сообраќај во светот, во 2016 година, пораснал благодарение на нискотарифните авиокомпании. 

Растот е најизразен во Азија +8%, на Блискиот Исток +11,2%, Латинска Америка +6,5%, и во Африка +5,7%, додека темпото на раст е пониско во Европа +4,3% и Северна Америка +3,5%.

Нискотарифните авиокомпании осигурале 28% од светскиот превоз и прв пат надминале милијарда патници.

Тие компании во Европа превезле третина од сите патници, во Азија 31%, а во Северна Америка 25%. 

Статистиките покажуваат дека и Македонците се повеќе сакаат да патуваат со авион. 



Слично

Поврзани вести