Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ КОЗАРА: Пронајдени телата на загинатите млади луѓе кои пренесувале вакцини за животни

АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ КОЗАРА: Пронајдени телата на загинатите млади луѓе кои пренесувале вакцини за животни

Спортски авион се урна кај Козара, а по сеопфатна акција се пронајдени телата на двајцата патници, 31-годишната државјанка на Романија, и 34-годишниот Србин.

Според информации од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, остатоците од урнатиот спортски авион од типот „Пајпер 28“, сопственост на компанијата СТС-Авијација се пронајдени во селото Суботичи на подрачјето на Козара. Денеска ќе почне истрагата, а случајот, како што пишуваат српските медиуми е предаден во надлежност на државното обвинителство. Инаку авионот сообраќал кон Бања Лука, а од радарите исчезнал кај местото Велика Кладуша.

Во ова спортско летало, двајцата патници пренесувале  вакцини за животни.

ФОТО: МВР на Република Српска

Слично

Поврзани вести