АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ КОЖЛЕ: Кој бил Франческо Монтањер?
Најпознатата жртва од авионската трагедија која вчера се случи на македонско тло е пилотот Франческо Монтањер.
Монтањер беше многу добар пилот и главна личност за аеро клубовите. Во текот на целиот свој мандат се бореше да го задржи вниманието , просторот, страста за летање, но во 2010 година се појави во весниците поради грешка направена на аеродромот во Тревизо. Било напишано „Летот е бесплатен за вас“, на влезот во аероклубот и „Работата е бесплатна“, морничаво алудирајќи на концентрациониот логор Аушвиц. Обвинителот тогаш интервенирал, а ознаките морале да бидат тргнати, пренесоа италијански медиуми.
Подоцна Монтањер беше ослободен од судот во Тревизо од обвинението за поттикнување на расна омраза, за својата иницијатива за одбрана на места и активности во аеро клубот. По овој публицитет, тој тврдеше дека немал намера да ги навреди жртвите на Холокаустот.
Како што соопштивме вчера попладне околу 17,40 часот во близина на село Кожле се урна мал приватен авион со шест патници.
Сите шесттмина загинаа. Меѓу нив биле пет мажи и една жена.
Во авионот биле и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Ангело Калегари и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство. Според италијанскиот весник, шестиот загинат е Ангело Калегари, додека косовските медиуми објавуваат дека во падот загинал и братот на Висар Бегај.
Жртвите живееле во градовите Треивизо, Падова и Удине. Тие планирале да патуваат во Приштина поради бизнис, но и за активности поврзани со аеро клубот „Тревизо“. Во Приштина требало да присуствуваат на инаугурација на тамошен аеро клуб.
Урнатиот авионот бил со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Авионот полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Тој бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување на гориво.
Во тек се активности на надлежните. Се врши увид на местото на несреќата на авионот а од утрово пристапот е блокиран.
Истрагата допрва ќе утврдува кои се причините за ненадејното и брзо уривање на авионот.
Слично
