АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ КОЖЛЕ: Истрагата трае, остатоците на вештачење!
Денеска и утре надлежни екипи кои ја водат истрагата за авионската несреќа која се случи завчера во село Кожле, велешко ќе ги пренесуваат остатоците од „пејперот“.
Јавното обвинителство соопшти дека е завршено снимањето со дрон и сите снимки ќе помогнат за полесно да се утврди динамиката на движењето на леталото и да се открие начинот на кој дошло до несреќата.
Телата на сите шест загинати патници вчера беа пренесени на оддлелението за судска медицина а нивната идентификација ќе се врши преку ДНА анализи.
Вистинската причина за уривањето на авионот кој го управуваше долгогодишен искусен пилот тешко ќе излезе на виделина.
Овие авиони немаат црна кутија па затоа претпоставките се дека вистината, што доведе до уривање на авионот ќе се открие се многу мали.
Шест човечки животи згаснаа во регионот кој според експертите е црна точка на воздушната траса за слетување која сепак е одобрена и прогласена за безбедна.
Загинаа пет мажи и една жена.
Авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аероклубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот, Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош, Висар Бегај.
