Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авионот на Николиќ вратен поради истурено кафе, пилотот суспендиран

Авионот на Николиќ вратен поради истурено кафе, пилотот суспендиран

Во авинот на „фалкон“ со кој претседателот Николиќ патуваше, случајно е активиран прекинувач за итни случаи откако е истурено кафе по контролната табла.

При понирањето се изгасил и моторот број 3, кој повторно е запален после неколку минути, наведено е во документацијата која ја објавило српското Министерство за сообраќај и инфраструктура.

Во изјавите на пилотот и копилотот се наведува дека е истурено мала количина кафе во зоната на квадрантниот слот за турбуленции, а потоа копилотот почнал со салфаета го брише полиениот дел со кафе и при таа прилика случајно го активирал прекинувачот за итни случаи.

Авионот тогаш почнал да губи висина, но брзо е воспоставена контрола над леталото, наведуваат пилотот и копилотот во изјавите.

Поради овој настан копилотот е суспендиран од должност,

Во образложението на решението за привремена забрана за работа се наведува дека копилотот отстапил од прописните правила и прицедури, со што го загрозил безбедносниот лет.

Авионот е пратен на додатна проверка во базниот сервис во Брисел, се наведува во докуменатцијата.

Истиот ден после враќањето, како се додава, авионот е прегледан, а за наредниот ден е планиран и пробен лет. Меѓутоа, пробниот лет не е направен, бидејќи пумпата за гориво го немала одговарачкиот притисок. Тогаш, во консултација со Киректоратот на цивилното воздухопловство, одлучено е авионот да биде пратен во Базел. Министерството на Србија соопштува дека се работи за делот на документација во врска со овј случај и дека комплетен извештај ќе биде направен најверојатно утре.

Слично

Поврзани вести