Авионот на Могерини не можел да слета во Сараево
Авионот на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, која ја започна балканската турнеја во Подгорица, утрово не можел да слета на меѓународниот аеродром во Сараево, па состанокот со членовите на Претседателството во БиХ е одложен.
Како што пренесоа босанските медиуми летот е откажан поради густата магла на подрачјето околу аеродромот.
Летот од Подгорица со кој Могерини требало да стигне во Сараево е поместен, и шефицата на европската дипломатија требало да пристигне во 10 часот.
Да потсетиме...
Могерини попладне треба да допатува во Скопје, каде ќе има средби со шефот на државата и со лидерите на партиите.
Слично
