Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОН СЛЕТА ВО АТИНА: Од 91 патник, 12 позитивни на коронавирусот

АВИОН СЛЕТА ВО АТИНА: Од 91 патник, 12 позитивни на коронавирусот

Вистинска драма се случуваше во авион каде имаше 12 позитивни на коронавирусот. 

Во авион со 91 патник на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на Ковид-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко- јапонско семејство.

Сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, според протоколот се тестираат за Ковид-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин. 

Оние кои се позитивни, остануваат 14 дена, а за оние коишто се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една недела во карантин, по што се повторува тестот.

Слично

Поврзани вести