Авион се урна во Словенија – четири лица загинаа
Во западна Словенија четири лица загинаа откако се урна мал авион.
За падот на овој мал авион со шест седишта информираше полицијата.
„Нема преживеани. Полицијата уште ги разгледува причините за несреќата. Авионот, кој е регистриран во САД, летал од Венеција до Лајпциг“ - изјави претставникот на словенската полиција, Деан Божин.
Идентитетот на жртвите засега не е познат. Пред да се урне авионот, пилотот јавил дека имааат технички проблеми. Катја Тратник од словенечката контрола за летање вели дека на крајот само го слушнале алармот за помош.
Авионот исчезнал од радар во 11 часот претпладне. Овој авион не е погоден за летање на ниски температури. Се работи за спортски авион кој може да лета до 5000 метри височина.
Слично
