Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОН ПРИЗЕМЈЕН ВО СПЛИТ ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА: Сите патници безбедно го напуштиле леталото

АВИОН ПРИЗЕМЈЕН ВО СПЛИТ ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА: Сите патници безбедно го напуштиле леталото

Патнички авион на компанијата „Смартвингс“ што летал на релација Прага-Сплит денеска бил принудно приземјен поради предупредување за поставена бомба, пренесува N1.

Авионот што летал од Прага за Сплит слетал во Сплит со известување од страна на на пилотот за вонредна состојба, потврдила за N1 Хрватската контрола за летање.

Оттаму не ги откриваат причините за прогласување вонредна состојба, но како што неофицијално дознава N1, патничкиот авион што летал на релација Прага-Сплит бил приземјен поради предупредување за бомба.

Кога авионот влегол во хрватскиот воздушен простор, пристигнала дојавата за експлозивната направа, по што авионот за кусо време слетал на аеродромот во Сплит, а сите патници биле  проверувни.  Авионот бил одвоен, и сега е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.

„Можеме да потврдиме дека авионот на релација Прага - Сплит слета на аеродромот во Сплит и дека извештајот што го добивме се проверува во согласност со стандардните оперативни процедури. Авионот е издвоен, сите патници го напуштиле авионот и сите теренски услуги се во тек. Аеродромот не е затворен за сообраќај “, соопштуваат од хрватското МВР.


Слично

Поврзани вести