Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

Патнички авион на авиокомпанијата „Аџет“ кој летал на релацијата Приштина-Истанбул, синоќа се излизга од пистата веднаш по слетувањето на Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул.

За среќа во несреќата нема повредени патници. 

Инцидентото се случил во моментот кога леталото, авионот „боинг 737-800“, кое слетало на нова писта, веднаш по приземјувањето, се излизгал од патеката за движење и заврши на мек терен неколку моменти по слетувањето. .

Времето било врнежливо, а пистата мокра, објавија неколку веб портали специјализирани за авијација.

„Аџет“, ребрендираната поранешна „Анадолу“, е нискобуџетна компанија на „Туркиш ерлајнс“, а има летови и од Скопје за Истанбул на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во азискиот дел од турската метропола.

Од Амбасадата на Косово во Турција соопштија дека сите лица во авионот се безбедни.

„Патниците се евакуирани без никаков ризик, преку надворешни скали, без потреба од користење на итните лизгалки. Нема пријавено повредени и сите го продолжија патувањето кон своите дестинации“, наведуваат од амбасадата.


Поради инцидентот, компанијата која управува со аеродромот објави дека пистата останува затворена за сообраќај до понатамошно известување. Затворањето на една од главните писти за време на интензивниот сообраќај предизвика значителни доцнења, при што некои авиони беа принудени да се пренасочат или да ги повторат процедурите за слетување.

Тимови за итни случаи и технички тимови од аеродромот веднаш беа испратени на местото на настанот, а екипи работеа на безбедно отстранување на авионот од теренот каде што е заглавен. Турските власти објавија дека пистата ќе остане затворена додека не се заврши операцијата за спасување и отстранување на авионот. Паралелно, Турската управа за цивилно воздухопловство (TAA) и администрацијата на аеродромот започнаа истраги за да ги утврдат причините за инцидентот.


Фото: Принтскрин/Икс


Слично

Поврзани вести