Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авиокомпанија се затвора, а билетите можат да се заменат

Авиокомпанија се затвора, а билетите можат да се заменат

Алиталија престанува да лета по 15 октомври. Банкротот на Алиталија, ќе погоди околу 250.000 луѓе.

Италијанската авиокомпанија се затвора.  Дадена е можност купените билети да се заменат со други со датум пред 15 октомври, но само за истата релација, а за другите се доплаќа. Воедно, постои можност за враќање на парите. По затворањето, Алиталија ќе биде преземена од нова компанија.  Алиталија има 52 авиона, а ИТА планира зголемување на флотата до 105 авиони до 2025 година. Плановите се да лета од Рим и Милано до Њујорк, Бостон, Мајами, Токио и голем број европски градови.

Во 2019 година – година пред пандемијата – превезуваше 21,3 милиони патници и до неодамна имаше повеќе од 10.000 вработени за кои не е јасно што ќе се случи по згаснувањето на компанијата.

Слично

Поврзани вести