АВИОКОМПАНИИТЕ ЌЕ МОРА БЕСПЛАТНО ДА ГИ КОРЕГИРААТ ПЕЧАТНИТЕ ГРЕШКИ ВО ИМИЊАТА НА ПАТНИЦИТЕ: Еве ги новите правила за патниците во воздушниот сообраќа
Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија, коои што вчера беа официјално одобрени од министрите на земјите-членки на ЕУ, ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со попреченост и лицата со намалена подвижност.
Според нив, децата помлади од 14 години ќе имаат право да седат до своите родители во авионот без да мора да плаќаат дополнителна такса за избор или резервација на седиште. Тоа право ќе се однесува и на бремените патнички, како и на лицата со намалена подвижност кои патуваат со придружник.
Авиокомпаниите ќе мора бесплатно да ги корегираат печатните и правописните грешки во имињата на патниците наведени на билетите, како и да не смеат да наплаќаат надомест за печатење бординг-карти за регистрираните патници.
Новата регулатива е насочена кон поголема заштита на патниците и појасно дефинирање на обврските на авиокомпаниите во рамките на воздушниот транспорт во ЕУ.
Во однос на компензациите за патниците при доцнење и откажување на летови, постојните правила ќе останат главно непроменети, независно повеќегодишните несогласувања меѓу земјите-членки и Европскиот парламент околу измените на овој дел од регулативата.
