Август бележи раст на побарувачката за кредити
Минимален раст на кредитите во август покажа најновата статистика на Централната банка.
Од НБРМ посочуваат за 0,2 процентен раст кај домаќинствата додека пад од исто толку проценти е забележан во корпоративниот сектор.
И понатаму потрошувачките кредити предничат пред станбените кај домаќинствата.
На крајот на август кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен раст од 0,8 отстои, а годишен раст од 10 отсто. Притоа зголемената месечна и годишна кредитна активност кон домаќинствата во најголем дел е насочена во денарски пласмани со придонес кон растот од 87,8 односно 90,3 отсто.
Најмногу кредити побарувале физичките лица.
Месечниот раст кај потрошувачките изнесува 0,6, кај станбените 1,4 отсто, додека годишниот раст изнесува 12,2 и 14,2 отсто.
Пад бележат кредитите за возила кај кои има месечен надолен тренд од 0,4 а годишен пад од 9,4 проценти.
Кредитите на корпоративниот сектор, како и минатиот месец бележат надолна месечна промена од 0,2 проценти, главно детерминирано од денарската компонента. На годишна основа, пак, состојбата на кредитите одобрени на претпријатијата е зголемена за еден отсто при раст на денарското кредитирање, наспроти годишниот пад кај девизното кредитирање.
Депозитите на домаќинствата, во август регистрираат месечен раст од 0,6 отсто, што во најголем дел е предизвикан од растот на депозитите во странска валута. На годишна основа, депозитите на домаќинствата бележат зголемување од 5,7 отсто при раст и на денарските и на девизните депозити со позначителен придонес на депозитите примени во денари имаат придонес кон растот од 58,1 отсто.
