Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авганистанец убиен во тепачка во грчки камп

Авганистанец убиен во тепачка во грчки камп

Човек од Авганистан е убиен во тепачка во бегалскиот камп Елинико, во јужните предградија на Атина.

Тој бил прободен со нож во гради и имал сериозни повреди на главата, со кои се здобил во тепачката која почнала меѓу група бегалци од Авганистан. Немилиот настан се случил во привремениот бегалски камп на просторот на стариот атински аеродром.

Аваганистанецот им подлегнал на повредите само што бил префрлен во локалната болница. Заедно со него во болницата се пренесени уште двајца бегалци, кои се задржани на лекување со полесни повреди.

Засега сè уште е нејасна причината зошто дошло до физичка пресметка меѓу групата Авганистанци. Полицијата од ноќеска го истражува случајот за да се открие како почнала тепачката и кој стои зад убиството на бегалецот.

Во импровизираниот бегалски камп во Елинико, стариот атински аеродром има околу 4.000 бегалци. Инциденти има многу често во камповите.

Во Грција, според официјалните податоци има 57.098 бегалци.

Слично

Поврзани вести