Авганистанец почина во тепачка на две групи емигранти во Грција
Млад Авганистанец почина откако бил погоден со камен во главата во тепачка меѓу две групи мигранти во близина на пристаништето во грчкиот град Патра.
Според информациите во медиумите во Грција, доцна синоќа, група од околу 70 мигранти, од објектот на една поранешна фабрика се упатиле кон објектот на друга поранешна фабрика каде што во тој момент имало околу 20 мигранти. Во еден момент започнала тепачка со камења меѓу двете групи. Починатиот бил пренесен во болница, но набрзо 20-годишникот им подлегнал на повредите. Грчката полиција работи на расветлување на случајот.
Причините за инцидентот засега се непознати, а според грчките медиуми, полицијата веќе привела 11 лица.
Слично
