АВГАНИСТАНЦИТЕ ПОЧНАА ДА СИ ЗАМИНУВААТ ОД КОСОВО - денеска првата група од 117 луѓе треба да оди за Велика Британија
Првата група од 117 државјани на Авганистан, која пред неколку дена нашла засолниште на Косово, денеска треба да отпатува за Велика Британија, велат извори од Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Тие во моментов се на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Дестинацијата на првата група што се очекува да замине е Велика Британија.
Групата што заминува досега беше сместена во градежниот логор Бехтел-Енка кај Феризај.
Во тој камп имаше цивили кои работеа со силите на НАТО во Авганистан.
Околу 810 бегалци беа засолнети во кампот Бехтел-Енка во Феризај, а 161 во американскиот камп Бондстил, исто така во Феризај.
Учесниците на Меѓународната конференција за помош на Авганистан ветија повеќе од милијарда долари, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој го отвори собирот, повикувајќи ги шефовите на државите да и помогнат на таа земја и нејзините жени, но и да одржат дијалог со талибанците.
Извор: Радио Слободна Европа
Фото: N1 info
