Авганистанци, Сиријци, Палестинци – откриени илегални имигранти во акција на МВР
Министерството за внатрешни работи во две акции спречи криумчарење и транспорт на над 40 илегални мигранти. Во првиот случај, тројца штипјани заработија кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење миграти“. На тројцата им е изречена мерка 30-дневен притвор.
Пријавените со три возил, од кои едно камион, се упатиле кон с.Удово, со цел прифаќање на поголема група илегални мигранти, кои требало да ги прокриумчарат до Куманово. По пристигнувањето, на погодна локација во близина на селото истите ги прифатиле мигрантите, ги сместиле во камионот додека останатите две возила, во улога на чистачи се движеле на одредено растојание.
Групата со возилата, од с.Удово се упатила по магистралниот пат кон Демир Капија и Неготино, по што кај клучката кај Демир Капија од страна на полициски службеници биле запрени, при што едно од возилата се дало во бегство.
При акцијата биле пронајдени вкупно 40 илегални мигранти (23 авганистански, 11 сириски и шестмина палестински државјани).
Во вториот случај од страна на полициски службеници на автопатот во правец Гевгелија - Скопје во непосредна близина на Неготино е запрен автомобил во кој патувале две лица од Струга.
Во возилото биле пронајдени три лица илегални мигранти од Сирија, коишто илегално влегле во Република Македонија од Република Грција, во близина на ПС за ГП и ГН “Богородица“ и имале намера илегално преку Македонија, потоа и Србија да стигнат до земјите од ЕУ. Според нивното кажување откако влегле на територијата на Р.Македонија се движеле по самиот пат кон Скопје, при што пешачеле неколку часа кога до нив застанало возило во кое биле горепријавените, кои ги прашале дали патуваат кон Скопје. Кога мигрантите им кажале дека сакаат да стигнат до Скопје, пријавените, за сума од по 100 евра од човек ги качиле во возилото со намера да ги пренесат до Скопје.
И двајцата стружани, маж и жена, заработија кривични пријави.
Слично
