Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Авеста“ ќе произведува литиумско-јонски батерии и во Штип

„Авеста“ ќе произведува литиумско-јонски батерии и во Штип

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека фабриката за литиумско-јонски батерии „Авеста“ ќе отвора фабрика и во Штип како нова инвестиција.

„Данската "Avesta Battery & Energy Engineering MK" (ABEE MK)" ке отвори свој производен капацитет во областа на технологии за батерии и енергија за електрична мобилност и стационарни апликации, со 110-150 нови работни места во ТИРЗ Штип.

Благодарност до Владата и Дирекцијата на ТИРЗ за ангажманот и можноста за нов развој на Штип, со нови технолигии!“, објави пратеникот од Штип.

„Авеста“ во декември лани постави камен-темелник на фабриката во Кичево како нов инвеститор во земјата. Најавено беше дека во пикот таму ќе работат 600-тини работници и дека извозот ќе може да достигне и до половина милијарда евра годишно.


Слично

Поврзани вести