АВАНТУРИ, МОРЕ, МИР- Летување според хороскопски знак
Секој од хороскопските знаци има различен пристап кон патувањата. Оние родени под знакот Овен, на пример, се секогаш спремни за акција, биковите, пак, долго го планираат нивниот летен одмор, а девиците знаат да се спакуваат со ефикасност и грациозност како никој друг...
Овните сакаат да патуваат. Уживаат во откривањето нови места - колку повеќе, толку подобро е мотото на лицата родени под овој знак. Затоа не е важно дали се на планинарење или на луксузен одмор на некоја позната туристичка дестинација. Тие ќе извлечат максимум од секое искуство.
Биковите уживаат во мир и тишина. За да си го осигураат таквото спокојство, тие добро ќе го испланираат секој аспект на патувањето. Ова се личности кои знаат да уживаат и на крајот од патувањето да се вратат со „наполнети батерии“.
Близнаците сакаат често да патуваат и на различни места. Разноликоста е она што нив ги привлекува. Градови како Лондон, Рим, Париз или Њујорк се одлични дестинации за оние родени во овој знак.
Раковите ја сакаат водата. Тие ќе бидат задоволни со секој одмор што вклучува спортови на вода како пливање или нуркање. Бидејќи ова се едни од најемотивните хороскопски знаци, тие ќе сакаат да патуваат со пријателите, семејството или со нивните партнери.
Лавовите патуваат со стил. Сакаат да патуваат сами на места каде можат да се релаксираат и да се вклопат во околината. Како и Биковите и тие ќе го испланираат секој детаљ од нивниот одмор.
Познати по своите организаторски вештини, одморите на Девиците ќе бидат организирани со големо внимание. Не очекувајте од нив да направат што било авантуристичко или неконвенционално на нивните патувања. Многу поверојатно е дека ќе отидат на претходно закажана организирана прошетка со мапи во рацете.
