АВАНТУРА, КАВГА, ПАРИ-Што носи викендов за секој хороскопски знак?
Овен
Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.
Бик
Партнерот ќе биде многу разговорлив и ќе се обиде да ја преземе улогата на аниматор. Искористете го викендов за да излезете надвор од градот и да ги наполните батериите. Доколку сте слободни, надвор од местото на живеење, преку пријател ќе запознаете една личност која ќе ви се допадне. Се уште не сте во фаза кога ве интересираат нови врски, но време е да размислите.
Близнаци
Среќен викенд исполнет со интересни нешта од приватниот и деловниот свет. Венера во астролошката куќа на големите пари, носи нови и многу подобри перспективи. Младата месечина во Стрелец им одговара на оние кои веќе се искусни во својата работа. Можни се поволни вести поврзани со парите.
Рак
Овој викенд е можно тајно дружење кое навистина ќе ве расположи. Можеби сами со себе ќе водите разговор и ќе се прашувате дали е ова вистински начин да бидам среќен, но деновите ќе ви поминат во многу добро расположение. Ако сте слободни, можно е преку социјалните мрежи да стапите во контакт со интересна личност.
Лав
Овој викенд ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.
Девица
Овој викенд ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.
Слично
