Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аутомакедонија „вози“ кон добивка, но во „лер“

Аутомакедонија „вози“ кон добивка, но во „лер“

Авто увозниците на македонскиот пазар последниве години имаат далеку помали продажби поради различни фактори меѓу кои и зголемениот увоз на половни возила од европските земји, па така и нивните акивности се доста намалени. Сепак, и во вакви неповолни услови Аутомакедонија АД Скопје кои се генерален застапник на автомобилските брендови Opel и Isuzu успева да оствари позитивен квартал.

Аутомакедонија во првите три месеци од 2017-та има намалена продажба на домашниот пазар која сега изнесува 76,5 милиони денари или за 5 милиони денари помалку во однос на истиот период лани, според неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во услови на намалени приходи од продажба Аутомакедонија има оперативни расходи од 87,2 милиони денари, што е за околу 3 милиони денари помалку од К1 2016 или поточно најголемо намалување има на набавната вредност на трговски стоки. 

За 1 милион денари се зголемени трошоците за вработените во овој квартал и изнесуваат вкупно 11, 2 милиони денари..

Сепак, со намалувањето на оперативните расходи Аутомакедонија стигнува до вкупна оданочена добивка од околу 70 илјади евра што е речиси идентично како и во првите квартали од последните три години.

Х.С.

Слично

Поврзани вести