АУКЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ: Ќе се гради филмски град во Зелениково
По пат на електронско јавно наддавање државата продава градежно неизградено земјиште во Зелениково, наменето за изградба на „филмски град“.
Почетната цена на земјиштето е 110 денари за метар квадратен, а парцелата е со површина од 157.276 метри квадратни.
На оваа површина инвеститорот ќе треба да изгради едно големо и едно средно филмско студио, четири објекти за филмска техника и реквизити, објекти за аудио и видео продукција и административна зграда.
Пријавите за учество се доставуваат до 2 февруари, а јавното наддавање е на 6 февруари на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk, информира Министерството за транспорт и врски.
Право на учество имаат и домашни и странски компании или физички лица. Заинтересираните треба да понудат и банкарска гаранција во износ од 100.000 евра во денарска противвредност, со рок на важност до 30.03.2015 година, со која ќе ја докажат серизноста на понудата и ќе гарантираат дека доколку бидат избрани за најповолен понудувач ќе ја уплатат крајно постигнатата цена во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор.
Избраниот понудувач ќе мора да достави и банкарска гаранција за изградба на објектите согласно со намената во урбанистичко планската документација во износ од 1.000.000 евра во денарска потиввредност.
Слично
