Заев: Вака Груевски ја средуваше продажбата на Македонска банка на „газда Нини“
Лидерот на опозицијата Зоран Заев објави аудио снимка од телефонски разговори за кои вели дека ги докажуваат неговите вчерашни тврдења - дека првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја продал Македонска банка за 900 илјади евра, а притоа за него зел во кеш 1,5 милиони евра.
Според снимката, Груевски преку посредник ги договара деталите за продажбата на Македонска банка со контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како „газда Нини“. На крајот паѓа договор Нини за банката да плати 900 илјади евра жирално, а кешот на 12 месечни рати, од кои првите две по 200.000 евра, а останатите десет по 110.000 евра
„Никола Груевски, не мора да се закануваш преку соопштенија со тужба, еве јас те повикувам да ме тужиш. Кога веќе бегаш од мене на дебати, нема проблем, ајде да се сретнеме на суд. Ама ти лично да се појавиш на судењето, не да се криеш. И да биде јавно, со присуство на медиуми и на набљудувачи. Па, сите нека видат која е вистината“, му порача Заеб на својот опонент.
Аудио снимката што ја презентираше СДСМ на следниот ЛИНК
Слично
