(АУДИО) Се слушаат истрели на барикадата во Цетиње
РТЦГ објави тонска снимка на која се слушаат истрели на барикадата во градот Цетиње, при нередите кои се случија за време на викендот.
Шефот на Безбедносниот центар во Подгорица, Горан Јокиќ, преку радио врска ги предупредува припадниците на полицијата дека за време на протестот се слушаат рафали на барикадата на Белведере во Цетиње на 5 септември и им кажува да пристапат кон процедурите за заштита во ситуации при евентуално отворање оган.
Пукале граѓаните кои беа против устоличувањето на митрополитот Јоаникије во манастирот на Цетиње.
Церемонијата на устоличување помина со нереди во кои беа повредени околу 60 луѓе.Аудио снимката можете да ја слушнете на овој ЛИНК.
Слично
